Помина ни помалку од половина секунда, а би рекла дека ми поминале сите ебани чувства за кои верував дека можат да ме одржуваат во живот…да не речам, дека им верував дека ме прават среќна. „Ти дете мило, среќно ли си?“, ме праша непоознатата сенка, со толку добро познат тон...звучеше како неа. „Јас ли?“, ја пражувам додека успевам секундароно  да ја исхарикирам отсутноста во едно страшно избледена насмевка, „Најсреќна на цел свет сум“, одговорив молскавично, додека зборовите ми ги ронеа забите додека се стегав да не се издадам колку бедно тажна сум…звучев како неа. 

          Се завртев и почнав да си играм со ноѓињата, си подрипнував од коцка на коцка, подалеку од другите сенки, случајно да не видат како ми се распрснуваат капиларите на капаците од очите…бегав буквално исто како неа.
Позиционирана на едно минорно пиадесталче, додека  ги покажувам своите кловноски способности, „Уживаш ,нели?“, ме праша непознатиот портрет на добро познатиот карикатурист, „Јас ли бе?… Ама се приметува нели?“, си го разигрувам телово, удирајќи ги жиците од гитарата толку син што вибрациите ми го разболуваат желудников, глумам пожолтена изморена фаца...личам на неа.
„Се гледа колку љубов излегува од тебе додека свириш, се наежив само што засвири. Како така?“ ми искоментира убаво облечениот скитник , додека си го ниша намирисаното сако, небаре во ушите уште му одѕвонува мојата музика . и додека гледам низ неговата бледа пјава, и почнувам да си ги гризам ноктите, му велам:„ Па ти си тој што ми дозволува да го наежам, ти благодарам за тоа.“И додека да помисли уште еден хипотетски конструкт, му ја побивам теоријата за моето постоење, со губеше во просторот и времето, што подалек од неговата близина…Личам на таа што бев некогаш.
Убаво ти е?“ ми шепнува со нежен глас, грубата аура која без срам си го распостила мирисот на нејзината кожа врз мојата чувствителност која што туку ја постелив заедно со свежо испраната грижа на совест, „… Просто немам зборови да ти опишам, еве измислувам нови…убаво ми  ко во мајчина утроба…ко што му е убаво на небото што се капе во површината на овој прекрасен поглед пред мене…поглед вперен во тебе.“и додека и се препуштам на немилосрдната страст под моите пори, изустувам…„ Но јас…јас не гледам друга жена во рефлексијата на прекршениве зраци од истиов овој поглед.“ и се преправам дека ист ние фокусов додека ми ја гази сенката и  и ме потчукнува по рамото.
„Само ми го трошиш времето…“и велам, додека си го замивам лицето, мислам ќе успеам да си го измијам гадењето од сопственото тело…„ посакувам да знаеш колку малку ми беше птребно да смислам начин тоа вербално да ти го насликам на платно.“
Ја прегрнувам ко да утрешниот ден е веќе минато„…ама јас одамна не сум ти кажала дека убави мирисаш, нели? .“
„ Ама Знаеш колку не сум ич исполнета? -ПРАЗНА СУМ.“, ме зашеметува еден познат глас на непознатата сродна душа, додека се удира силно со рацете во пределот на градите. А јас стојам ко да ме прегаазил воз и само посакувам да ја гушнам…„Тука сум ако ти требам.“...ах, посакувам да сум вербално способна сега…еве обде, еве сега…почнувам да дејствувам како неа. Уствари…денес и го заборавив името… а веќе личам на неа.

 

One thought on “Помалку од половина секунда

Leave a comment