МАЛЕЧКА

              Колку недовршени реченици, цели приказни и книги…би можела томови да си раскажам на самата себе…но одамна сум престанала. Дали престанав да зборувам сама на себе, или  престанав да му зборувам на светот…или кога конечно почнав гласно да зборувам, веќе не си ги слушам ни сопствените зборови. Тажно е дека си недостигам самата на себеси…си недостигам таква посветена, таква искрена кон себе…Знаеш кога си имаш една многу зезната констелација на црн хумор кој само ти го разбираш…пошто е суров…пошто те боли…пошто ти ги корне конците…не си веќе марионета…сам сопствена трагична драматургија си….
Колку неисполнети…не….колку преплавени соништа…за се што сум сонувала да бидам…или тие сонувале…или го живеам сонот….или….сонувам за животот….
Колку прераскажани зборови…луѓето живеат од нив…уште малку ќе научат и како да ги продаваат…алчни…алчни за празни зборови, празни приказни, празни сништа и празни животи…од каде се најдов јас заплеткана во сите нив?
Колку празна музика….ко да никогаш да не постоеле ноти….светот веќе не знае за хармонија…. а јас се трудам со синфонија да си ги исвирам песните….ко во меѓулиние да твораМ…
Каде да се свртам…како да замижам…како да прозборам…и повторно да почнам да пишувам?16251612_10210294546633384_5263759619686143474_o

Кога Петре ме љубеше.

Кога Петре ме љубеше ,
времето во воздух го претвораше,
отвораше и затвораше железни капии
од отровни змии и змејови чувани,
во темни зандани чувства негувани,
ги ослободуваше за да ме чуваат.

Кога Петре ме милуваше,
телово невино фаланга стануваше,
крвта потоп правеше низ сите заспани воини
и жедни хероини во мене,
а на него вените набабрени, релјеф исцртуваа
од срастите сласти што вкусуваа.

Кога Петре ме сонуваше,
сонот стварност стануваше.
Ме будеше со зраците и откриваше од под облаците,
за да сонуваме заедно,
па ми ги ткаеше дните со нитни и златни конци,
за да можам да си починам малку подолго
тука…во мојот вечен дом.

Оти Петре ме љубеше,
направи да левитирам низ светови и времиња,
бремиња на стари силни љубови,
остварени и изгубени.
Оти сум креација на неговата имагинација,
композиција која нежно растреперува,
ќе остане единствениот кој вистински ја љубел Дениција.