…Утрето си дојде…
Од толку гласна празнина, ушите ми крварат,
не успевам ни ѕвездите веќе да ги слушам.
А ги гледам како зборуваат треперејки,
ох замолкни,
ти тажен свету.
Каде е Малиот Принц сега…
Зар беше само толку кратка реалност…
Зошто ли веќе не му се радувам на небото,
Зошто пораснав и станав дел од она крутото…
Одев по трнлив пат,
Но сега и тој ми го снема од под нозе,
Висам за врат врзана, со јажиња…
во раце на секој еден пријател.
Човек на човек, му е волк…
а јас омилена храна сум им…
Една насмевка, два залаци
од душа кинат, ко да ми е душава создадена
само за душмани,
Стојам со огледало пред нив,
прашувам што погрешив…
велат, среќна си ти ,
а ние само нарциси…
Ох некој , нешто нека ми прозбори,
каде погрешив?
Што одев за нив на крај на светови,
и рушев планини…
Ох, празни души, крвопијци
Доста веќе ми праќате громови…
Ниту сум ви душман,
нит ги слушам веќе ѕвездите…

Моето ново име,

ЌЕ Е ДИОГЕН.

Leave a comment